Прослави на денот на независноста на Косово

Косово денеска ја одбележа 6-тата годишнина од независноста. На централната свеченост во Приштина, претседателката Атифете Јахјага изјави дека ова ден кој ги обединува сите граѓани на Косово и ја означува неповратната историја на државноста. Премиерот Хашим Тачи истакна дека косовските амбиции се да биде независна, демократска членка на семејството на слободни народи. На плоштадот во Приштина се одржа и парада на безбедносните сили на Косово. Независноста на Косово досега ја признаа над 100 држави во светот, вклучувајки ги и Соединетите Држави и повеќето членки на НАТо и на Европската Унија.