Хаменеи: разговорите за нуклеарната програма не водат никаде

Ајатолах Али Хаменеи

Врховниот ирански верски лидер Ајатолах Али Хаменеи повтори дека не е оптимист во врска со преговорите за нуклеарната програма што Иран ги води со големите светски сили. Сепак, тој додаде дека не е ни против овие преговори кои утре продолжуваат во Виена. Целта на преговорите е постигнување сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма во контекст на времената спогодба постигната во ноември минатата година. Според таа спогодба Иран се согласи да ги стопира нуклеарните активности на шест месеци во замена за намалување на некои санкции на меѓународната заедница.