Тројца приведени за експлозијата во Тетово

Тетовската полиција ги приведе лицата Н.К. неговиот син и едно 15 годишно лице, кои од жителите на ромската населба кај реката Пена во Тетово се посочени како директно или индиректно вмешани во активирањето на експлозивната направа вчера, кога беа повредени пет деца, информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово. Во куќата на Н.К. при вчерашниот претрес под кревет во една од собите била пронајдена граната за рачен ракетен фрлач калибар 40 милиметри. Од засега непознатата експлозивна направа беа повредени пет деца на возраст од 10 до 14 години кои играле на улицата.