Шест години од независноста на Косово

На 17 февруари пред шест години Косово прогласи независност која досега, според Косовското министерство за надворешни работи, ја признале 106 земји меѓу кои сите балкански, освен Србија и Босна и Херцеговина. Претседателката на Косово Атифете Јахјага, како што е соопштено, по повод Ден на независноста добила честитки од многу светски државници меѓу кои, американскиот претседател Барак Обама, британската кралица Елизабета и германскиот претседател Јоахим Гаук.