Украина-притворените демонстранти ќе бидат ослободени

Анти-владините протести во Украина

Украинското обвинителство соопшти дека денеска треба да започне имплементацијата на законот со кој ќе се ослободат демонстрантите од кривично гонење. Според нив, Министерството за внатрешни работи потврдило дека демонстрантите го исполниле бараниот услов да го напуштат градското собрание што значи дека законот може да стапи на сила. Зградата на градското собрание беше окупирана повеќе од два месеца.