Зголемени безбедносни мерки во Египет

Илустрација

Египетските власти се на зголемена готовност за спречување на евентуални терористички напади против странски туристи по експлозијата на еден автобус на границата со Израел, при која загинаа тројца државјани на Северна Кореја. Вчерашниот напад чија цел беа странски државјани беше првиот во земјата по соборувањето на претседателот Мухамед Морси во јули минатата година кога во земјата се случија серија напади најчесто насочени врз египетските безбедносни сили.