Судири на полицијата и демонстрантите во Турција

Протести на Курдите во Турција

Турската полиција се судрила со курдските демонстранти во градот Бурса, кој се наоѓа во северозапдниот дел на земјата. Протестите биле организирани по повод 15 годишнината од апсењето на курдскиот лидер Абдула Оџалан. Некои од демонстрантите фрлале камења, при што оштетиле возила и куќи. Нема информации за повредени во протестите.
Илјадници демонстранти вчера излегоа на протести низ повеќе градови во Југоисточна Турција. Тие бараа ослободување на Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор.