Приведени 20 демонстранти во Црна Гора

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Црна Гора

Црногорската полиција соопшти дека се приведени 20 учесници на протестите против власта во Подгорица, како и дека во судирите се повредени девет полицајци. Полицијата се судрила со група демонстранти кои се обиделе да го пробијат кордонот пред зградата на Владата. Демонстрантите фрлале со камења, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.
Протестите ги организирала Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“. Тие бараа смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина и оставка на сите пратеници во црногорскиот Парламент.