САД бараат од Иран да ослободи опозициски лидери

Мехди Каруби и Мир Хосеин Мусави

Вашингтон го повика Техеран да ослободи тројца опозициски лидери кои се под домашен притвор од 2011 година, иако досега не биле обвинети за никакво дело. Американскиот Стејт Департмент вчера го објави повикот на одбележувањето на тригодишнината од притворањето на претседателските кандидати и опозициски лидери Мехди Каруби, Мир Хосеин Мусави и сопругата на Мусави, Захра Ранавард, која е адвокат за човекови права. Тие беа поставени во домашен притвор откако повикаа на демонстрации за поддршка на арапската пролет.