Талибанците со порака до американските сили во Авганистан

Американски војници во Авганистан

Талибанците денеска ги повикаа Авганистанците да ги протераат американските војници од земјата на истиот начин како што муџахедините тоа им го направиле на советските сили пред 25 година. Според соопштението објавено на годишнината од повлекувањето на советските сили од Авганистан, објавено од Ројтерс, талибанците порачуваат дека САД денес се соочуваат со истата судбина и се обидуваат да избегаат од нивната земја.
Последниот конвој на советските сили си заминал од Авганистан на 15 февруари во 1989 година. Трупите на САД и другите меѓународни сили треба да се повлечат од Авганистан до крајот на годината.