Ештон-да продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон во Советот за безбедност на ОН изјави дека бил постигнат историски напредок во нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Но, според неа од клучна важност е дијалогот да продолжи со истата посветеност. Ештон истакна дека дијалогот донел конкретни резултати, кои го промениле секојдневниот живот на луѓето во регионот.