Грчката економија опадна за 3,7 проценти во 2013

Грчката економија во минатата година покажала подобри резултати од прогнозираните, што е првпат откако земјата беше зафатена од должничката криза во 2009 година, пишува денеска весникот „Катимерини“.

Бруто домашниот производ на Грција опаднал за 3,7 отсто во 2013 година, помалку од очекуваните четири проценти според прогнозите на Владата и меѓународните кредитори на земјата - Европската унија и ММФ.

Минатата година беше шеста година по ред на рецесија за Грција.