Косовската опозиција собира потписи за уривање на Владата

Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа и Самоопеделување на Албин Курти, како и дел од независните пратеници во косовскиот Парламент се приклучија кон иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за собирање на 61 потпис од пратениците, колку што е потребно за отповикување на Владата на Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.
Доколку бидат собрани тие потписи, косовската претседателка, според Уставот, ќе мора во рок од максимум 45 дена да распише избори.