Германија сака подобрување на односите со Русија и покрај несогласувањата

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, изјави денеска во Москва дека се залага за подобрување на односите со Русија и покрај несогласувањата во врска со Украина и со други кризи. На заедничката прес конференција со неговиот колега Сергеј Лавров, Штајнмаер нагласи дека мора да запрат “гео-политичките шаховски партии”.