Русинот, повреден на боб патеката е во стабилна состојба

Илустрација

Рускиот работник, кој вчера на боб патеката на Зимските олиписки игри во Сочи беше удрен од боб, се наоѓа во стабилна состојба, откако му биле оперирани скршениците на двете нозе. Сеуште се истражува зошто работникот бил на патеката и не ги слушнал предупредувањата дека по неа веќе се спушта боб. Патеката за боб во Сочи е конструирана да биде побезбедна откако на претходната олимпијада во Ванкувер загина еден натпреварувач од Грузија.