Европски социјал-демократи и социјалисти на конференција во Скопје

Илустрација

Конференција на тема „Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите-клучни критериуми во напредокот во Европската унија“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на редовниот Годишен состанок посветен на Западниот Балкан на Групата на прогресивната алијанса на социјалдемократи и социјалисти во Европскиот парламент.
Воведно обраќање на конференцијата ќе имаат Јоханес Свобода, предводник на Групата и Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Меѓу најавените учесници се Ричард Ховит, известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, потпретседателот на Групата на социјалисти и социјалдемократи во Европскиот парламент, Кинга Гонч, европратеник од Групата на социјалисти и демократи и поранешен министер за надворешни работи на Унгарија, Кнут Флекенштајн, европратеник од Германија, Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници на социјалдемократските и социјалистичките партии од Западен Балкан.