ЕУ бара итни мерки од власта и опозицијата во Украина

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Киев побара од украинските лидери и од опозицијата да преземат итни чекори за формирање коалициска влада како начин за надминување на скоро тримесечната политичка криза во таа земја. Филе од двете страни побара и согласност околу реформите на Уставот со кои би се намалиле ингеренциите на шефот на државата. Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека странските обиди да се влијае врз иднината на Украина ќе завршат со неуспех.