Писмо со подршка за босанскиот народ

Пленум во Сараево

Бројни интелектуалци од регионот и светот ги поддржаа протестите кои со денови се одржуваат во повеќе градови во Босна и Херцеговина.

Изразуваме целосна поддршка за легитимните барања и оправданиот гнев на граѓаните на БиХ. Нивното барање за пристоен живот, вистинска демократија, солидарност што нема граници одекна ширум светот, се вели во писмото за поддршка.

Протестите на жителите на БиХ се поддржани од бројни интелектуалци, писатели, филозофи од Балканот, меѓу кои Даша Дрндиќ, Владимир Арсенијевиќ, Алида Бремер, Горан Феиќ, Среќко Хорват, Саша Илиќ, Рада Ивековиќ,Андреј Николаидис, Рената Салецл, Јасмина Жбаниќ, Славој Жижек.

Меѓу потписниците на писмото за подршка се и американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски. британско-пакистанскиот писател и активист Тарик Али, италијанскиот филозоф Франко Бер и други писатели и интелектуалци од Германија, Франција и САД.