Руска нацрт - резолуција за „тероризмот“ во Сирија

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија ја претставила нацрт - резолуцијата во Советот за безбедност на ОН за хуманитарен пристап и за борба против тероризмот во Сирија.

Лавров, говорејќи во Москва, изјави тероризмот е причина за страдање на сиријците и соседните народи земји и е акутен проблем како и хуманитарна криза во земјата.

Терминот тероризам инаку, сирискиот режим го користи за да ги опише сите оние кои се борат против претседателот Башар ал-Асад.

Русија претходно оваа недела јасно стави до знаење дека ќе ја одбие нацрт-резолуцијата на Западот и на арапските земји за пристап на хуманитарната помош во Сирија наведувајќи дека е тенденциозна кон владата на Асад.