Белград и Приштина ги доближија ставовите за правосудството

Белград и Приштина ги „приближиле ставовите“ за прашањето на правосудството, а во Брисел се очекува премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи на следната средба во рамки на дијалогот да го финализираат овој договор.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, најави дека очекува Дачиќ и Тачи на следниот состанок да го финализираат договорот за равосудството.