Самоубиствен напад во Пакистан - 11 мртви, 50 повредени

Бомбаш самоубиец со автомобил се втурнал во автобус полн со пакистански полицајци, во близина на Карачи.

При тоа, загинале најмалку 11 лица, а биле повредени околу 50 други. Многу од повредените биле во критична состојба.

Засега никој не ја презеде одговорноста. Најновото насилство доаѓа во време на мировните преговори меѓу владата и претставници на Талибанците.

Двете страни, при тоа, требало да се воздржат од големите напади за време на разговорите.