Државниот секретар на САД, Кери пристигна во Сеул

Американскиот Државен секретар Џон Кери пристигна во Сеул од каде ја започнува својата петта турнеја по Азија. Тој, покрај Јужна Кореја, ќе ги посети и Кина и Индонезија, во обид да ги намали тензиите околу територијалните спорови.

Кери допатува во Сеул, еден ден откако претставници на Северна и Јужна Кореја ги одржаа разговорите на највисоко ниво во последните неколку години.

Сепак, Пјонгјанг издаде предупредувања во врска со претстојните американско-јужнокорејски воени вежби.

Кери потоа ќе ги посети и Пекинг и Џакарта, во време на зголемени тензии меѓу Кина и нејзините помали соседи во врска со спротивставените побарувања во Источното и Јужното Кинеско Море.