САД го притискаат Авганистан да го потпише безбедносниот пакт

САД соопштија дека го притискаат Авганистан да го потпише безбедносниот договор кој ќе им овозможи на американските војници да останат во таа земја. САД сакаат да задржат 10 илјади војници во Авганистан по повлекувањето на повеќето меѓународни сили на крајот од оваа година, но предупредија дека ќе ги повлечат сите свои трупи доколку пактот не биде потпишан наскоро.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи досега одбива да го потпише договорот.
Деновиве директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер изјави дека не верува оти Карзаи ќе го потпише договорот и дека Вашингтон едноставно треба да почека до изборот на нов претседател на Авганистан на изборите во април.