Сириската опозиција со план за решавање на конфликтот

Лахдар Брахими

Сириската опозиција денеска во Женева го претстави нејзинот план за политичко решавање на скоро тригодишниот конфликт во таа земја. Планот бил презентиран на заедничката средба со посредникот Лахдар Брахими и сиријската влада. Агенцијата Ројтерс која имала увид во планот јави дека со него се предвидува формирање транзициона влада која заедно со Обединетите нации би го надгледувала примирјето меѓу двете страни.