Обама го осуди противењето на Русија за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама го осуди противењето на Русија да се донесе резолуција во Советот за безбедност против сириската влада. Обама на заедничката прес конференција во Вашингтон со неговиот француски колега Оланд изјави дека поради блокирањето на таа резолуција за несреќата на цивилите нема да бидат одговорни само сиријците, туку и русите. Со резолуцијата се предвидува дека во случај на спречување на доставување хуманитарна помош за цивилите, Советот за безбедност ќе воведе санкции против одговорните за тоа.