Украинскиот суд ја одби жалбата на Тимошенко

Украинскиот суд ја отфрли жалбата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која што се наоѓа во затвор, да ги олесни нејзините услови на притвор. Адвокатите на Тимошенко побараа од судот во Харков каде што Тимошенко престојува претежно во затворската болница, да и овозможи да користи мобилен телефон, да има право на поголем број посетители и да биде пуштана на прошетки низ градот. Тимошенко беше затворена во 2011 година поради злоупотреба на функцијата.