Мијатовиќ рекла дека македонските медиумски закони се меѓу подобрите

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ.

Премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнал отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле.

Претставничката за медиуми на ОБСЕ, според владата, го поздравила носењето на таквите законски решенија истакнувајќи притоа дека компаративно гледано спаѓаат меѓу подобрите во регионот.

Mijatovi' посочила дека преостанува процесот на нивна примена што зависело од волјата, капацитетите и подготвеноста на сите чинители во тој процес.

Претставничката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ информирала дека Република Македонија ќе биде домаќин на регионалната медиумска конференција која ќе се одржи во Скопје, се вели во соопштението на владината прес служба.