Утре во Брисел средба Груевски - Расмусен

Илустрација

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски утре ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата.
Според официјалното соопштение од НАТО, по средбата Груевски-Расмусен ќе има и заедничка прес-конференција.