Иран одбележува 35 години од Исламската револуција

Иран денеска ја одбележува 35-годишнината од Исламската револуција. Десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Техеран, каде што се одржува централната прослава на која говореше иранскиот претседател Хасан Рохани. Тој изјави дека сите треба да се обединат во борбата против тероризмот и против оние што создаваат тешкотии за луѓето во Сирија, Ирак, Авагнистан и на други места.
На 11-ти февруари 1979-та година беше соборен режимот на шахот Реза Пахлави, преку исламската револуција, предводена од верскиот лидер Хомеини.