Утре состанок на високо ниво меѓу Сеул и Пјонгјанг

Северна и Јужна Кореја утре че имаат состанок на високо владино ниво, соопшти Министертвото за обединување во Сеул. Состанокот ќе биде одржан во пограничното село Панмунџом. Не е превидена посебна агенда за овој состанок, но претставник на Сеул изјави дека ќе биде разговарано за важни прашања, вклучувајки ги и претстојните средби на семејствата кои останаа поделени во двете кореји по војната во педесетите години.