Оланд во официјална посета на САД

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд е во официјална посета на САД. Претседателот Барак Обама го покани Оланд на посета за да се потенцира долгата врска меѓу двете земји. Двајцата претседатели работеа заеднички на одговорот на иранската нуклеарна програма, граѓанската војна во Сирија и справувањето со бунтовниците во Мали. Двајцата лидери вчера беа во посета на имотот во Вирџинија на Томас Џеферсон, поранешен американски претседател и познат франкофил. На ручекот во чест на Оланд, што ќе се одржи денеска по средбата меѓу претседателите, Белата куќа покани околу 350 гости. Тој е седмиот гостин со таков гала пречек во Белата куќа, откако Обама стана претседател во 2009 година. Оланд е во посетата на САД без придружник, откако се раздели од неговата партнерка Валери Тревалие.