Ирак - претседателот на Собранието преживеа бомбашки напад

Претседателот на ирачкото собрание Усама ал-Нуџаифи.

Претседателот на ирачкото собрание Усама ал-Нуџаифи не бил повреден кога нагазна мина експлодирала во близина на неговиот конвој. Во вчерашната експлозија во близина на Мосул биле повредени неколку негови телохранители. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во Ирак беснеат меѓуверски насилства меѓу шиитското мнозинство и сунитското малцинство.