Во Багдад, по грешка се убиле дваесетина милитанти

Дваесетина ирачки милитанти загинале кога денеска најверојатно автомобил бомба експлодирал по грешка во нивната позиција во северниот дел на Багдад. Новинските агенции јавуваат дека автомобилот експлодирал во моментот додека милитантите снимале пропагандно видео. Ирак се соочува со најголем бран насилства во последниве шест години. Само во минатиот месец биле убиени над илјада луѓе.