Во Босна протести и оставки на функционери

Во Босна и Херцеговина и денеска протестите на граѓаните, незадоволни од животниот стандарди и однесувањето на политичката елита.
Досега оставки поднесоа четворица кантонални премиери, началникот на полицијата во Мостар и директорот на Дирекцијата за кооординација на полициските тела.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ и заменик-претседател на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ изјави дека не е подготвен да поднесе оставка, додека неговиот колега, кој ги застапува Хрватите во тричленото претседателство, Жељко Комшиќ тврди дека би поднел оставка и оти тоа за него би претставувало големо олеснување.

Протестите во Федерацијата почнаа пред неколку дена во Тузла поради, како што се тврди, чисто социјално-економски причини, а веќе утредента се претворија во насилни демонстрации во тој град, а потоа се проширија и во Бихаќ, Мостар и Сараево, каде гореа згради на локалните, федералните институции, а опожарено беше и Претседателството на БиХ.