Почна втората рунда разговори за Сирија

Лакхдар Брахими

Денеска во Женева започна втората рунда разговори меѓу владата на Башар Ал Асад и сириската опозиција.

Меѓународниот медијатор Лакхдар Брахими, како што се јавува, одржува одвоени средби со двете страни.

Првата рунда од разговорите што се одржа минатиот месец заврши без поголем напредок.

Најголема пречка е барањето на опозицијата Асад да нема учество во транзиционата власт, што пак е одбиено од страна на владината делегација.