Инцко: Социјалните неправди се таложеа со години во БиХ

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, изјави дека причините за протестите како социјалните неправди и неефикасната администрација со години се натрупувале, но дека по војната на луѓето мирот им бил драгоцен.

„Се повеќе се оние чија ситуација е многу тешка, додека богатите се малцинство, а за некои од нив народот мисли дека парите не ги стекнале на регуларен начин“,

изјави Инцко за загребскиот весник „Јутарњи лист“ Инцко го осуди насилството, додавајќи дека луѓето имаат правото на мирни демонстрации.