Советот за Безбедност ќе го разгледува извештајот за Косово

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе го разгледува тримесечниот извештај на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово, во кој тој оцени дека 2013 била година на „значителен политички напредок“, благодарение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, и Бриселскиот договор за нормализација на односите.
На седницата на која ќе биде претставен извештајот за работата на Унмик од 16 октомври до 20 јануари,ќе учествуваат премиерот на Србија во оставка Ивица Дачиќ, а ќе присуствува и косовскиот премиер Хашим Тачи.Бан во извештајот нагласи дека и во 2014 година треба да се продолжи со напорите за консолидација на постигнатите резултати.”Ја поздравувам одлуката на Европскиот совет да почне пристапни преговори со Србија во јануари 2014 и да ги подржи преговорите за договорот за стабилизација и асоцијација со Косово .Тековните директни разговори на Белград и Приштина допринесоа за тој успех“, наведе Бан Ки Мун.