Зоран Поповски-Претседателски кандидат на ГРОМ

Професорот Зоран Поповски е претседателски кандидат на партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Тој денеска порача дека нема да биде ниту марионета на власта ниту продолжена рака на опозицијата туку ќе биде претседател на сите граѓани во државата која според него, повеќе не смее да функционира како полициска. Поповски подвлече и дека, доколку тој ја добие довербата на граѓаните, нема да дозволи понатамошно играње со исконското име на Македонија и негова референдумизација.