СДСМ-Ако Клинички се грее на гас зошто се набавува мазут за2,5 милиони евра?

Опозициската СДСМ со ново обвинување до министерот за здравство Никола Тодоров. Од СДСМ тврдат станува збор за трошење на милиони народни пари.

-Само пред три месеци, на 10 ноември 2013 година министерот за здравство еуфорично објави, почеток на греење на скопските клиники на гас. Проект што ги чини граѓаните, како што рече министерот, околу 800-тини илјади евра. Спротивно на овие изјави, согласно овој документ од Бирото за јавни набавки, Клинички центар склучил договор со ОКТА за набавка на мазут за цела 2014 година. Договор тежок 2 милиона 670 илјади 906 евра, за мазут за греење на клиниките, изјави на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

СДСМ го повикува министерот Никола Тодоров да излезе во јавноста и да објасни за што станува збор, доведувајќи дека граѓаните во заблуда дека дишат почист воздух.