Ирански бродови во близина на американската поморска граница

Иранскиот командант адмирал Афшин Резај Хадад изјави дека ирански воени бродови во Атланскиот океан пловат во близина на американскатa поморска граница .Хадад рече дека овој потег на иранската морнарица претствува одговор на присуството на американските бродови во Заливот. Иранската флота се состои од бродови кои носат хеликоптери. Нивното патувања започна минатиот месец кога влегоа во водите на Атланскиот океан преку јужно африканските води.
Во Вашингтон е соопштено дека ирaнските бродови имаат право да пловат во меѓународни води. До изјаватa на иранскиот генерал доаѓа девет дена пред преговорите на Иран и светските сили во врска со иранскиот нуклеарен договор.