Околу 50 илјади демонстранти на улиците во Киев

Неколку илјади анти владини демонстранти во Украина денеска учествуваат на новите масовни демонстрации откако претседателот Виктор Јанукович се врати во Киев од Сочи каде имаше разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Според опозициските партии на денешните протести на Плоштадот на незвисноста во Киев присуствуваат околу 50 илјади лица.Јанукович се сретна со Путин на маргините на Зимските Олимписки игри во Сочи. Оваа средба дојде во истовреме додека Украинската опозиција го интензивираше притисокот за Уставни реформи и рани избори во земјата.Се очекуваше Јанукович да разговара со Путин во врска со 15 те милијарди долари чија испорака Русија ја замрзна до формирањето на новата влада.