Сирија-Нападнат конвој со хуманитарна помош

Бунтовници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош на влезот од сирискиот град Хомс при што има повредени лица. Сириската државна телевизија јави дека повредените се од Сириско Арпската Црвена полумесечина – група која
доставува хуманитарната помош за цивилното население.
До инцидентот доаѓа по постигнувањето на тридневното примирје меѓу бунтовниците и владата во Дамаск. Договорот предвидува и евакуација од градот на цивилните жители.
Владата и вооружената опозиција меѓусебно се обвинуваат за прекршувањето на примирјето Следната рунда мировни разговори во Женева треба да започне во понеделник.