Во црква во Русија убиени две лица

Во Русија две лица се убиени, а шест се повредени кога напаѓач влегол во црква и отворил оган врз верниците за време на мисата.
Настанот се случил во рускиот град Сахалин, на источниот дел од државата. Во нападот се убиени две калуѓерки и еден верник.
Полицијата го привела напаѓачот кој работел на обезбедување на црквата и се обидува да утврди кој е мотивот за нападот.
Пукањето се случува кога руските безбедносни сили го имаат зголемено нивото на безбедност поради загриженост од можни напади за време на Олимписките игри во Сочи.