Граѓаните во дијаспората треба да се пријават за гласање до 7 март

Македонските државјани кои живеат во странство имаат рок до 7 март да се пријават за гласање на претседателските избори. Пријавувањето треба да се изврши во македонските дипломатски претставништва или преку интернет страницата на Државната изборна комисија.
Пополнетата пријава, заедно со скенирани копии од македонскиот пасош и од документот со кој се докажува привремен престој или работа во странство, треба да се испратат на интернет адресата на Државната изборна комисија.
За македонските граѓани во Северна Америка интернет адресата на која треба да се пратат е prijava8@sec.mk.
Претседателските избори на 13 април ќе бидат првите на кои македонската дијаспора ќе има право на глас. Гласањето во дијаспората ќе се одржи еден ден претходно, на 12 април.
За секое гласачко место на кое ќе има над 1.000 пријавени гласачи, ќе се отвори дополнително гласачко место, односно ќе се испрати уште една изборна комисија, за да се овозможи полесно гласање вели Павле Саздов од америкнската избирна единица.

Саздов е на средби со македонската дијаспора во Чикаго, а следната недела ќе одржи средби во македонските цркви во Детроит и Виндзор. Почнувајќи од 21 февруари, Саздов ќе одржи средби со граѓаните во Њујорк и Њу Џерси.