Денеска во Сараево продолжуваат протестите

Граѓаните на Сарево и за денеска најавија продолжување на демонстрациите на кои бараат оставка на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина
Напладне во 12 часот е најавено ново собирање,а повикани се граѓаните од цела Босна повторно да излезат на улиците и да бараат промена на владеачката структура на чело со премиерот Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија.
По три-дневните протести во Сарево,премиерот на кантоналната Влада, Суад Жељковиќ,си поднесе оставка.Демонстрантите бараат и смена на членовите на претседателството на БИХ.Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ рече дека е подготвен да даде оставка ако постои парламентарно мнозинство. „Додека тоа не се случи, ќе ја извршувам својата фукција и ќе се борам за народот, кажа Никшиќ“. Tој рече дека единствено што е неопходно за промена на власта во Босна, се 50 проценти гласови во Парламентот.
Членот на Претседателствотона Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ оцени дека во ваква ситуација вонредните избори се единствената опција. Изетбеговиќ
рече дека лично воопшто не се чувствува одговорен за последните случувања.Според неговите зборови во Федерацијата БИХ треба да се намали администрацијата, да се изедначат платите во реалниот сектор и администрцијата и треба да се работи на програмотат за мерки.
До сега, по четири -дневните протести, оствки си поднесоа премиерите на кантоните Тузла,Зеница и Сараево.
Во Федерацијата БИХ има 10 кантони,а граѓаните бараат итно укинување на кантоните, на двата ентитета( Федерацијата и Република Српска) како и намалување на обемната државна администрација во Босна и Херцеговина.