Трета жртва од сезонски грип на Инфективната клиника

Седумдесет и четиригодишна жена од Скопје почина од грип (инфлуенца А) на Клиниката за инфективни болести и е трета жртва оваа сезона.
Третманот со тамифлу бил неуспешен поради тешката здравствена состојба, дополнително компликувана од други хронични болести - на белите дробови, хипертензија и бубрежна слабост.

Поради компликации од грип, на Одделот за интензивна нега на Инфективна има шест болни, од кои еден пациент е на механичка вентилација.

- Интензитетот на прегледи е ист, но по едно мало затишје во последнава недела има потешки случаи со компликации. Во моментов имаме околу 110 болни на Клиниката и поголем дел се болни од грип, изјави лекарот Илир Демири.