ООН : Зголемен бројот на убиства на цивили во Авганистан

Обединетите Нации соопштија дека бројот на загинати и повредени цивили во Авганистан се зголемил за 14 проценти минатата година.Мисијата на Обединетите нации во Авганистан во својот годишен извештај објави дека 2,959 лица биле убиени а 5,656 се повредени во 2013 та година.Ова е за 14 проценти повеќе од 2012. ОН исто така објавија дека бројот на убиени деца се зголмил за 34 проценти. Извештајот ги обвинува бунтовниците за 74 проценти од направените цивилни штети .Авганистанската полиција и армијата имаат одговорност од осум проценти а меѓународните сили имаат 3 проценти одговорност поради зголемениот број на убиства и повреди на цивили , се наведува во извештајот.