ВИДЕО: Ескалација на протестите во Тузла и во Сараево

Oколу 13.000 лица и денеска излегоа на улиците на Тузла и се упатија кон кантоналниот и општинскиот суд и обвинителство, зградата на општината на МВР.
Пожарот во зградата на Владата, што демонстрантите претходно ја запалија, го гаснеа пет пожарникарски возила. Зградата на Владата е цела во чад и оган, а демонстрантите им помагаа на пожарникарите да го изгаснат пожарот, но гасењето дополнително беше отежнато заради ветрот.
- Во Универзитетскиот клинички центар во Тузла досега се примени осум повредени лица, изјави портпаролката Амра Одобашиќ и додаде дека никој не се здобил до потешки повреди што бараат болничко лекување.
Социјалните немири во Тузла почнаа пред три дена и кулминираа со упадот на демонстрантите во зградата на Владата, што ја запалија.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тузла: Демонстрантите ја запалија зградата на локалните власти



Протести се оддржани и во други градови, каде, исто така, имаше судири со полицијата, а ситуацијата кулминираше и во Сараево каде има голем број повредени меѓу демонстрантите и припадниците на специјалната полиција.
Со солзавец и камења е посипан просторот околу зградата на Владата на Кантонот и зградата на Претседателството на БиХ. Сите стакла на прозорците на зградата на кантоналната Влада на Сараево се искршени, јавија босанските медиуми.
Моменталната ситуација е драматична и хаотична, објавија локалните медиуми.
Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево од 14 часот примил најмалку 33 повредени, од кои поголемиот број се припадници на полицијата, потврди портпаролката на центарот Билјана Јандриќ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ескалација на протестите во Сараево