ПДП поднесе барање за регистрација на партијата

Партијата за Демократски Просперитет (ПДП) денеска и формално поднесе барање за повторна регистрација и обновување на партијата.
- ПДП денеска го поднесе барањето за регистрација со новото раководство кое произлезе од Основачкото собрание одржано на 24 јануари во Тетово, каде за претседател беше избран Абдулади Вејсели, а за претседател на Извршното собрание Невзат Халили, изјави претставникот на ова партија Земри Елези.
Тој појасни дека е доставена целата документација и барањето за регистрација на ПДП.
- Го доставивме барањето за регистрација на ПДП со сите дополнети документи и 1.050 потписи, согласно Законот за регистрација на политичките парти. Од понеделник очекуваме решение за регистрација и веќе ќе ги почнеме активностите, изјави Елези.