Сириската влада оди на мировните разговори во Женева

Фајзал Мекдад

Заменик шефот на сириската дипломатија Фајзал Мекдад денеска изјави дека сириската влада решила да учествува на втората рунда мировни разговори со сириската опозиција што почнува в понеделник во Женева. Опозицијата претходно најави дека учествува на продолжувањето на разговорите за ставање крај на скоро тригодишната граѓанска војна во земјата во која досега загинаа над 130 илјади луѓе. Преговорите што се водат под посредство на Обединетите нации беа прекинати на 31 јануари без да биде постигнат поголем напредок.